Roll R5 – основна класа звучна изолација за под

Звучна изолација на под од ударен шум

Серијата Roll се состои од продукти за звучна изолација на подови, кои се присутни во градежниот сектор повеќе од 30 години.

Оваа серија е една од најдоверливите и испитани на пазарот, и го претставува долгогодишното искуство на ISOLGOMMA во проучувањето и развојот на иновативни материјали и производствени процеси. Употребата на посебен рециклиран каучук - SBR, на продуктот му дава висока издржливост (отпорност) и еластичност, правејќи го одличен изолатор од ударен шум за секакви подови. Продуктите од серијата Roll имаат високи звукоизолациски карактеристики и се лесни за поставување. Издржливата и еластична подлога се приспособува многу добро на површината, а благодарение на самолепливата лента по краевите се поставува брзо и лесно со голема точност.

  • Брзо, лесно и прецизно поставување на продуктот

  • Отпорен на механички влијанија при градежните процеси и поставување на кошулици

  • Отпорен (издржлив) на влага

  • Подови со пливачки кошулки

  • Кошулици (слоеви) со голема дебелина

  • Подови во индустриски претпријатија