Проектирање



Проект за звучна изолација
Проектот за звучна изолација наложува секогаш да се направи длабинска анализа на ситуацијата за да се добијат прецизни резултати при изврушавње на мерките за звучна изолација. На пример, при звучна изолација на просторија во која звукот е од говор со ниво 85 dB / А и соседната просторија е спална во која звучното ниво треба да е под 25 dB / А, за да може да се спие, проектот ги пресметува загубите на звучна енергија, во конструкцијата на просториите и какви слоеви за звучна изолација треба да бидат додадени за да се постигне ова ниво.
Бидејќи ширењето на звукот преку конструкцијата зависи од различни физички параметри на материјалите, изработката на проект е задолжително за да се добие саканиот ефект. Важно е да се знае дека некои од материјалите за топлинска изолација како EPS или XPS ги намалуваат својствата за звучна изолација на конструкцијата, со што се користат конструкции кои создаваат акустични мостови. Компјутерска проверка на звучна изолација е задолжителен дел при изборот на системот за звучна изолација.
Проектите за звучна изолација во простории на станбени и јавни згради се вршат согласно методологијата на EN ISO 12354 -1 и 2.
За намалување на звукот во индустриски зони проектот е неопходен да се постигне потребното ниво на звук. При звучна изолација на индустриски објекти се користат голем број на стандарди и методологии во зависност од специфичноста на проблемот.
Проект за акустика
Проектите за акустика се задолжителен дел во одредување на видот и поставеноста на акустичната облога во студиа, концертни сали, дискотеки, продавници, ресторани, канцелариски простори.
За таа цел се спроведуваат пресметки и симулации за следните параметри:
- Време на реверберациа RT60 и RT30;
- Оценка на јасност при говор D50 и C50;
- Истражување на рани и доцни рефлексии;
- Speech transmission index STI;
- Бучава во позадина и вкупно ниво на звук;
- Модална и бранова анализа;
Во проектите се вклучуваат технички детали, квантитативно-ревалоризирана сметка, 3 D прегледи и компјутерски дел. Симулација се одржува со специјализиран софтвер според македонските, европските и меѓународните норми и стандарди.