Консултација
Консултација и дијагностицирање на проблеми со бучава, реверберациа и вибрации
Консултација и дијагностицирање на проблеми со бучава, реверберациа и вибрации се од значење за идентификување и пропишување на ефективни решенија. Инженерски консултации за звучна и акустична изолација што ги нудиме се:
Консултација со инженер на место.
Целта на овие консултации е да се добие информација за местоположбата на зградата, видот на конструкцијата, особеностите на просториите, извори на бучава или акустични дефекти. Кога излезната информација е добиена, одлуките што клиентот ги добива се професионални и адекватни за конкретниот проблем. Консултациите со посета се закажуваат однапред на наведените телефони и се плаќаат. Консултациите вклучуваат писмени понуди и софтверски симулации на добиени резултати, проследени со квантитативна сметка за потребните материјали и труд.
Консултација со инженер во канцеларија.
Слично како консултациите на место, служат да се утврдат основните информации потребни за решение. За спроведување на слични консултации потребно е клиентот да располага со цртежи и слики на проблематичните зони / простории / згради. Претходно закажување за овие консултации е задолжително. Консултацијата се наплаќа од час.
Персонална консултација на SKYPE.
Онлајн советување е удобна форма за воспоставување на контакт и преземање активности за решавање на проблем поврзан со звучна изолација, акустика или вибрација. За спроведување на ваква консултација потребно e да имате цртежи кои ќе ги испратите, да се разгледуваат паралелно со разговорот, слики и можност да се разјасни подетално, каков е карактерот на проблемот кој сте го утврдиле. Онлајн консултациите на SKYPE со инженер акустичар се наплаќаат однапред и се воспоставува комуникација во зависност од можностите за водење на разговорот од двете страни. За закажување на онлајн консултација контактирајте не на Т: +359889437847 или office@decibel.mk
Инженерите на ДЕЦИБЕЛ имаат различни искуства и специјализација. Поради оваа причина, цените на консултациите со младите или главните инженери имаат различни цени. За повеќе информации, ве молиме контактирајте не на: Т: +359889437847 или office@decibel.mk