- Начало
- »
- Материјали
- »
- Residential Soundproofing
- »
- Zvučna izolacija plafona
- »
- Систем за звучна изолација за таван C-MUTE SYSTEM™
Систем за звучна изолација за таван C-MUTE SYSTEM™
Предности:
C-MUTE SYSTEM™ е единствениот по род систем за пригушување на звук, кој не бара изградба на конструкција (за прикачен таван од гипс-картон или тавански рамнини).
Дебелината на системот е помала од 5cm, кое што ја прави да одговара исклучително за мали простории. Преку монтажата на системот е возможно нивелирање на постоечки кривини и исправување на општата денивелација на тавани до 5 mm. Една од основните предности на системот е размерот на панелите за звучна изолација, кои што се така проектирани, да преку својата геометрија го повишуваат квалитетот на звучна изолација, за сметка на тежината, кое е основен фактор за постигање на ефект при намалувањето на шумот. Сите панели во системот за пригушување на звук C-MUTE SYSTEM™ се одделуваат еден од друг со посредство на специјални меки ленти, со цел редукција на преминувањето на звучните вибрации. Периметарот на просторијата (таму каде панелите се потпираат на ѕидовите) исто така се третира со меки акустични ленти. За завршување на системот се користи достапен и широко распространет материјал – гипс-картон, кој се монтира пак без конструкција, директно за C-MUTE™ системот и таванот да можат да се шпаклуваат, бојадисаат или третираат по сопствена желба.
Системот за звучна изолација за тавани C-MUTE SYSTEM™ е разработен со цел да го намали преминувањето на звук во станбени и канцелариски објекти, каде основните извори на бучава се луѓе, музички системи, телевизори и домашни миленичиња (воздушен шум). C-MUTE SYSTEM исто така ја намалува бучавата од одење, тропање и крцкањење (ударен шум) кои доаѓаат од просторот над Вас
Се препорачува за намалување на бучава во станбени простории (дневни и спални) и исто така за намалување на бучава во канцеларии и објекти во кои не е пожелно да се одзема повеќе од 5cm од височината (обично при нови станбени згради со ниски тавани).
Параметрите на системот
Големина на панелите за намалување на звукот | 1000x 500 mm |
Дебелина | 3 cm. |
Коефициент на звукот намалување Rw | 67 db |
Тежина | 7.2 kg/m² |