- Начало
- »
- Материјали
- »
- Акустика
- »
- Perforated Wooden Acoustic Panels
- »
- Acer™ panel Перфориран акустичен панел
Acer™ panel Перфориран акустичен панел



















Acer™ Panel е дизајнерски акустичен панел составен од 10% перфорирана плоча од МДФ со природен фурнир и основа од технички полиуретан со дебелина 50mm. Acer™ Panel е адаптиран и дизајниран да работи во средните фреквенции од звучниот спектар. Минималистичкиот и стилски дизајн го прави погоден за станбени и јавни пространства. Панелот може да се монтира како единечен елемент во композиција, па да се оформат цели ѕидови или паноа. Елегантниот дизајн создава извонредни визуелни ефекти врз ѕидовите на кои е монтиран.
Acer™ Panel е наменет за поставување најмногу во канцелариски простор, продавници и ресторани. Можноста да се менуваат отворите на перфорација со чекор од 0,1mm го прави применлив и за специфични проекти, какви се барањата за концертни сали, студија за снимање и домашни кина, каде се бара фино подесување на звукот. Елегантниот дизајн создава исклучителни визуелни ефекти врз ѕидовите на кои е монтиран.
Acer™ Panel е погоден за употреба во простории на затворено.
Акустичните перфорирани панели може да се монтираат како на ѕидовите, така и по таванот на просторијата
Монтажата се одвива преку директно лепење при што е потребно претходно чистење на ѕидот со влажна крпа. Лепилото за монтажа е достапно за нарачки од DECIBEL.
Коефициент на звучна абсорпција
Технички информации
Материјал | МДФ со природен фурнир; технички полиуретан |
Боја | V02 - Enchanted Oak |
Димензии | 500 x 500mm |
Дебелина | 57mm |
Тежина | 1,80kg |
Перфорација | 10,00% |
Монтажа | ѕидови и тавани; преку директно лепење |