- Начало
- »
- Материјали
- »
- Residential Soundproofing
- »
- За sидови
- »
- Систем за звучна изолација MUTE SYSTEM™ 35
Систем за звучна изолација MUTE SYSTEM™ 35
MUTE SYSTEM™ 35 e тенкослоен систем за намалување на бучава, наменет за вертикални елементи (ѕидови, столбови). Заедно со крајниот слој одзема само 47.5 мм од внатрешниот простор. Одговара на лесни и средни нивоа на бучава и тогаш кога нема доволно простор за повеќеслојна звучна изолација. Се монтира врз претходно изградени прегради од керамички блок, сипорекс блокови, армирано бетонски прегради, ѕидови со прегради од гипс картон.
MUTE SYSTEM™ 35 одговара за звучна изолација во згради, каде што е неопходна брза и лесна монтажа. Оптималната дебелина на системот за звучна изолација е добра за мали простори. Монтажата може да биде извршена како од професионалци, така и од “домашни мајстори”. Основната предност на системите MUTE е тоа што тие се монтираат без потреба од конструкција, што од една страна ги елиминира можните грешни прикачувања на системот за звучна изолација кон ѕидот (што, пак, води до промена на ефектот, затоа што звучниот бран се пренесува по тврдите врски кон “новиот ѕид”) и од друга заштедува место, затоа што нема потреба од конструкција.
Оттука можете до го преземете упатството за монтирање на системот.
Со упатството, детално е објаснет принципот за поставување и затворање на системот.
Системот за изолација на звук за ѕидови MUTE SYSTEM™ 35 вклучува:
1. MUTE PANEL 35
2. Потпорни елементи
3. MUTE демп лента
4. MUTE кант лента
Комплетот MUTE SYSTEM™ 35 не вклучува:
- монтажно лепило за закачување на панелот кон постојниот ѕид
- краен слој гипс - картон за затварање на системот
Монтажа на системот за звучна изолација MUTE SYSTEM™ 35
За монтажа не се потребни професионални вештини, но ако сакате тој да биде извршен од професионални монтери на звучна изолација, ве молиме контактирајте со нас за да добиете повеќе информации.
Индекс на звучна изолација
Технички показатели
Димензии | 1000 x 1200 x 35mm | |
Тежина | 24,84kg/панел (1,2m² ) | |
Модул на еластичност за тврд слој (10mm) | 3,9 GPa, за еластичен слој (10mm) | 70 MPa |
Спречува преминување на звук за еластичен слој | 18 500 Rayls/ m |