- Начало
- »
- Материјали
- »
- Residential Soundproofing
- »
- За sидови
- »
- VISTO 48 панел за звучна изолација
VISTO 48 панел за звучна изолација
VISTO 48 е високо-технолошки еластичен панел за звучна изолација и звучна апсорпција на ѕидови и тавани. Различната комбинација на слоевите во панелот, постигнува многу повисоки нивоа на звучна изолација, во споредба со класичните материјали како стаклено- минерална, камена минерална волна или плута. Поцизицијата на дијафрагмата од вискоеластичен поливинил (средниот слој), работи истовремено како материјал за звучна изолација,мембранска звучна апсорпција и намалување на вибрации. Поважна форма на порозниот материјал (преден слој) е со оптимизирана геометрија која ја зголемува звучната абсорпција во опсег помеѓу 400-650 Hz, кои се најмногу карактеристични за домовите.
VISTO 48 e патентиран производ, резултат на две годишниот развој на DECIBEL, време низ кое се изучуваат најзначајните параметри кои ги одредуваат акустичните својства, како што се:
* Отпорност на воздушно преминување
* Вискоза и термална должина на пора
* Порозност
* Извивност
VISTO 48 e наменет за монтажа на преградни ѕидови од гипс-картон (како фил, замена на класичните минералватови производи), над спуштени тавани, под подкренати подови и како отворена постава во студиа и репетициони сали.
Кога VISTO 48 се користи за звучна изолација на ѕидови се монтира меѓу носечките профили на гипс-картонова конструкција, каде може да биде монтиран помеѓу профили, залепен на ѕид со лепак VISTO BOND или прицврстен со монтажни елементи VISTO FIX.
За звучна изолација на подкренати подови, VISTO 48 се монтира директно врз постоечки под без лепење. Повеќе за звучна изолација на подови, видете тука.
При монтажа над растерски спуштени тавани VISTO 48 се монтира директно на растерска конструкција, која треба да биде појачана со дополнителни држачи, за да се избегне откачување.