- Начало
- »
- Материјали
- »
- Акустични панели
- »
- Perforated Wooden Acoustic Panels
- »
- Circulo™ Panel - Перфориран акустичен панел
Circulo™ Panel - Перфориран акустичен панел
Circulo™ Panel е перфориран акустичен панел, тестиран и создаден од DECIBEL и гостинот дизајнер JChernaev. По бројни акустични тестови и симулации тимот од инженери на DECIBEL, достигнува оптималната форма, ширина и длабочина на процепите на лицето, со цел да оствари максимална звучна абсорпција на 400 Hz. Дизајнот е спроведен на база на направени акустични тестови и комбинира напредна стилиска композиција на звучен бран на класичната боја на дрво даб.
Модерниот и стилски Circulo™ Panel е погоден за комбинација, како во современи ентериери, така и во повеќе класични стилови. Тенкиот рез на предната плоча, осветлен од вештачка или природна светлина, фрлаат дополнителни сенки врз основата, придонесувајќи за оптичка илузија на длабочина на концентрични перфорација. Панелот може да се монтира како единечен елемент или во комбинација, со цел да да оформи цели ѕидови или паноа. Елегантниот дизајн создава исклучителни визуелни ефекти врз ѕидовите на кои е монтиран.
Перфорираните акустични панели се погодни за акустичен третман на установи, трговски центри, хотели, канцеларии, концертни сали и училници. Акустичното третирање со перфорирани акустични панели ја подобрува акустична удобност во просториите и ги прави повеќе пријатни за живеење или престој.
Circulo™ Panel е погоден за употреба во простории во затворен простор, како на ѕидовите, така и на таванот.
Монтажата на панелите се одвивапреку директно лепење но потребно е претходно чистење на ѕидот со влажна крпа. Лепилото за монтажа е полиуретан , достапно за нарачки од DECIBEL.
DECIBEL нуди и посебен систем за монтажа прикачен на задната страна на панелот, кој ја олеснува монтажата и заштедува од времето на сушење.
Коефициент на звучна абсорпција
Технички информации
Материјал | МДФ со природен фурнир; технички полиуретан |
Боја | V02 - Enchanted Oak |
Димензии | 500 х 500mm |
Дебелина | 50mm |
Тежина | 2,14kg |
Перфорација | 10,00% |
Монтажа | ѕидови и тавани; преку директно лепење |