Акустичниот текстил кај овие панели придонесува за добра звучна абсорпција и претставува идеално решение за простории каде има ехо и потреба од акустично третирање и естетска визија. Текстилот на панелите обезбедува пријатна атмосвера и претставува добар стилски завршеток во просториите во кои се поставува.
Акустичните панели со печатена слика, имаат светли бои и поседуваат висока резолуција на датотеки обезбедени за печатење. На акустична ткаенина можат да бидат печатени слики или текстови, кои кога ќе се спојат ја дополнуваат внатрешноста на просторијата во која ќе се применува панелот.
Акустичните панели со печатена слика се повеќе соодветни за акустичен третман на канцелариски простории, домашни кина, ресторани, хотели и трговски центри (каде има ехо).
Овие панели се погодни за акустичен третман на ѕидови и тавани
Монтажата се остварува преку директно лепење со полиуретан, лепило или со поставување на конструкција.