Акустични текстилни ѕидни панели

Примена и опис

Панелите за абсорпција на звук имаат срцевина од технички полиуретан 18-30 и завршен слој од акустичен текстил. Акустичниот текстил придонесува за добра звучна абсорпција и претставува идеално решение за простории каде има ехо и потреба од акустично третирање и естетска визија. Текстилот на панелите обезбедува пријатна атмосвера и претставува  добар стилски завршеток во просториите во кои се поставува. Панелите се достапни во две стандардни дебелини: 30мм или 50мм и во 22 различни атрактивни бои. Акустичните панели се лесни за монтажа, преку директно лепење со  лепило или  со поставување на конструкција. Чистењето се одвива преку бришење со влажна и чиста крпа. Доколку е потребно текстилот, исто така може да се третира со меки детергенти.

Карактеристики и монатажа

Овие панели се создадени  за употреба во канцелариски  простории (каде има ехо) , за обложување на ѕидови и тавани во домашни кина, музички студиа, конференциски сали,универзитетски и црковни простории, концертни сали и други објекти  каде се цели кон добра разбирливост на говорот. Во зависност од димензиите и намената на просториите акустичните панели, можат да бидат скроени  и монтирани во согласност со постоечкиот дизајн на конструкција или преку директно лепење.

Коефициент на звучна апсорпција

Технички карактеристики

Материјал: технички полиуретан и акустичен текстил
Бои: Панелите се нудат во 22 бои
Димензии: 50 см. X 50 см.
Дебелина: 5 см.
Тежина: 0,414 кг.
Монтажа: ѕидови, тавани преку директно лепење или на конструкција на таванот

Галерија