Geometry Live Line- Ѕидни панели со текстилна облога

Tриаголни акустични панели со акустична облога

Geometry Live Line (GLL) со текстилна покриеност дава слобода на имагинацијата.

Geometry Live Line дава живот на вашите ѕидови. Серијата на панели за звучна апсорпција се состои од 5 елементи -повеќе видови на триаголник. GL1, GL2, GL3, GL4, GL5 може да се комбинираат во безброј  геометриски форми и бои, погодни за различни внатрешни стилови. Дизајнот на линијата е специјално разработен од студиото Thinkforward TM за DECIBEL.

Естетската вредност на производот, во комбинација со високата звучна апсорпција , го претвораат во идеален избор за канцеларии, студиа, повеќефункционални сали, училишта и универзитети, клубови, дискотеки и др. Панелите имаат срцевина од технички полиуретан со густина 18- 30 и покриеност од акустичен текстил.

 

Акустичниот текстил придонесува за добра звучна апсорпција на панелите, претворајќи ги во идеално решение за простории каде што има потреба од акустичен третман и естетска визија. Акустичните панели се лесни за инсталација, преку директно лепење со монтажно лепило.

Нивното одржување е  лесно, преку бришење со влажна крпа или благо средство за чистење на текстил.решение за простории каде што има потреба од акустично третман и естетска визија.

Коефициент на звучна апсорпција

Технички информации

Материјал: технички полиуретан; акустична ткаенина
Бои: Панелите се нудат во 22 бои
Големина: 600mm. X 600mm. X 840mm.
Дебелина: од 30 до 60mm. при врвот на триаголникот
Тежина: 0,282 kg.
Монтажа: ѕидови, тавани преку директно лепење со монтажен лепак

Галерија