WavO-Перфориран акустичен панел

Примена и опис

WavO е дизајниран акустична панел составен од 9,7% перфориран преден дел, рамнина и основа од технички полиуретан со дебелина 50mm.

Панелот може да се монтира како единечен елемент или во композиција, па така може да се оформат цели ѕидови или паноа.

WavO e адаптиран и дизајниран да работи во средните и високи фреквенции од звучниот спектар. Композитната екпресивност на WavO овозможува безбројни комбинации и индивидуални композиции. Тенките резови на предната плоча, осветлени од вештачка или природна светлина, фрлаат дополнителни сенки врз основата, придонесувајќи за оптичка илузија на длабочината на прерфорацијата.

Карактеристики и монатажа

Акустична панел WavO е многу погоден за акустичен третман на барови, дискотеки, ресторани, трговски центри, административни простории и хотели. Модерниот дизајн и акустичните параметри го прават идеален за подобрување на времето на реверберациа во конференциски и телеконферентни сали, канцеларии, телевизиски студиа, концертни сали, , просториите и училници, аудиологични и аудиометрични ординации.

Перфорираните панели не поседуваат својства за звучна изолација и не  се користат при звучна изолација на ѕидови.

Акустичните перфорирани панели може да се монтираат како на ѕидовите, така и по таванот на просторијата.

Препорачан начин за монтажа на панелите, е преку директно лепење со полихлорпреново или полиуретан лепило.

 

 

Технички информации

Материјал МДФ бел МАТ; технички полиуретан
Боја V01 - Frozen Bark - бела мат
Димензии 500mm. X 500mm
Дебелинa 57mm.
Тежина 2,14 kg.
Перфорација 9,70%
Монтажа ѕидови и тавани; преку директно лепење

Галерија