Панелите за абсорпција на звук имаат срцевина од технички полиуретан 18 - 30 и завршен слој од акустичен текстил. Акустичниот текстил придонесува за добра звучна абсорпција и претставува идеално решение за простории каде има ехо и потреба од акустично третирање и естетска визија. Текстилот на панелите обезбедува пријатна атмосвера и претставува добар стилски завршеток во просториите во кои се поставува. Панелите се достапни во три стандардни дебелини: 30mm, 40mm или 50mm и во 22 различни атрактивни бои. Акустичните панели се лесни за монтажа, преку директно лепење со лепило или со поставување на конструкција. Чистењето се одвива преку бришење со влажна и чиста крпа. Доколку е потребно текстилот, исто така може да се третира со меки детергенти.
Овие панели се создадени за употреба во канцелариски простории (каде има ехо) , за обложување на ѕидови и тавани во домашни кина, музички студиа, конференциски сали,универзитетски и црковни простории, концертни сали и други објекти каде се цели кон добра разбирливост на говорот. Во зависност од димензиите и намената на просториите акустичните панели, можат да бидат скроени и монтирани во согласност со постоечкиот дизајн на конструкција или преку директно лепење.